• вторник, 16 јули 2024

Палестинската Црвена полумесечина доби 10 камиони со помош за Газа

Палестинската Црвена полумесечина доби 10 камиони со помош за Газа

Газа, 29 октомври 2023 (МИА) - Десет камиони со хуманитарна помош за Газа поминаа инспекциски процедури на граничниот премин Рафа и денеска беа примени од палестинската Црвена полумесечина.

-Преку преминот Рафа денеска примивме десет камиони од нашите браќа од египетската Црвена полумесечина, со залихи од храна и медицински материјали. Вкупниот број на пристигнати камиони досега е 94, додека горивото се уште не е испорачано, соопштија од организација, пишува Си-ен-ен, пренесе Бета.

Вкупно 40 камиони од египетската Национална алијанса за граѓански развој пристигнаа на египетската страна на преминот синоќа и повеќето од нив чекаат да поминат безбедносни проверки пред да влезат во Газа.

Израелската војска денеска соопшти дека очекува наскоро да почнат да влегуваат уште камиони со помош во Газа.

Си-Ен-Ен објави дека на преминот Рафа бил забележан и главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан