• недела, 22 декември 2024

Палестинската управа предвиде 172 отсто поголем буџетски дефицит во 2024 година

Палестинската управа предвиде 172 отсто поголем буџетски дефицит во 2024 година

Рамала, 24 јули 2024 (МИА) - Според соопштение на владата на палестинската управа на Западниот Брег, проекцијата е дека поради конфликтот во Газа, буџетскиот дефицит ќе се зголеми за 172 отсто во 2024 година во однос на 2023 година, а приходите ќе се намалат за 21 отсто.  

Соопштението е испратено откако претседателот на палестинската управа на Западниот брег, Махмуд Абас, одобри вонреден буџет за 2024 година, што вклучува мерки за штедење како што се намалување на платите, оперативните и капиталните трошоци и одржување на трошоците за развој на минимум.

Конфликтот во Појасот Газа и отежна на палестинската управа целосно да ги исплати платите во јавниот сектор поради намалената помош и одлуката на Израел да ги задржи парите од даночните приходи. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан