• сабота, 29 јуни 2024

Паладино нов тренер на Фиорентина

Паладино нов тренер на Фиорентина

 

Фиренца, 5 јуни 2024 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина официјално објави дека нов тренер на клубот од Фиренца е 40-годишниот Рафаеле Паладино.

Паладино е поранешен стратег на Монца, а на клупата на Фиорентина седнува на местото на Винченцо Италијано.

Како фудбалер Паладино остави најдлабок белег играјќи за Јувентус и Парма, а кариерата ја заврши во Монца каде потоа беше тренер од 2022 година.

Во штотуку завршената сезона, Паладино и Монца го зазедоа 12. место во Серија А, додека Фиорентина заврши осма и следната сезона повторно ќе игра во Конференциската лига. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан