• понеделник, 08 јули 2024

Пакомак потпиша меморандум за соработка со Федерацијата за планинарство

Пакомак потпиша меморандум за соработка со Федерацијата за планинарство

Скопје, 10 март 2023 (МИА) - Пакомак потпиша меморандум за соработка со Федерацијата за планинарство за поддршка на заеднички активности на долгорочни стратегии за национално делување кон заштитата на животната средина.

Меморандумот го потпишаа претседателот на ФПСМ Зоран Читкушев и извршниот директор на Пакомак Филип Ивановски, а предвидува стратешка соработка низ која ќе се реализираат бројни идни активности за зачувување на планините, одржување на планинарските патеки, спречување на загадување со отпад и пошумување.

-Иако навидум сме сосема различни организации, имаме заедничка цел, а тоа е зачувување на природните богатства на Македонија и градење здрави и еколошки животни навики на граѓаните, беше пораката од овој настан. Нека ни е со среќа и нека има многу успешни проекти низ оваа соработката, изјавил Филип Ивановски.

Целта на ова партнерство ќе биде да се зајакне еколошката свест и чувството на одговорност кон околината, преку конкретни предвидени активности, соопштија од Пакомак.свс/са/

Фото: Пакомак

Остани поврзан