• недела, 22 декември 2024

Пакета обвинет за наводно кршење на правилата на обложување

Пакета обвинет за наводно кршење на правилата на обложување

 

Лондон, 23 мај 2024 (МИА) – Бразилскиот играч од средниот ред на Вест Хем Јунајтед, Лукас Пакета (26) е обвинет денеска од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) за четири наводни прекршувања на правилата на обложување.

Бразилскиот репрезентативец е обвинет дека намерно побарал да му биде покажан картон на четири натпревари во Премиер лигата во 2022 и 2023 година. Спорни се натпреварите на Вест Хем против Лестер (12 ноември 2022 година), Астон Вила (12 март 2023 година), Лидс Јунајтед (21 мај 2023 година) и Бурнемаут (12 август 2023 година).

ФА тврди дека Пакета „се обидел да влијае на исходот, однесувањето или кој било друг аспект или појава на тие натпревари со намерно барање да биде санкциониран со картон од судијата со цел да влијае на обложувањето и едно или повеќе лица од тоа да профитираат“.

Англиските медиуми пренесуваат дека ФА потрошила речиси девет месеци истражувајќи ги сомнителните обложувачки активности околу четирите картони што ги доби Пакета.

Бразилецот негираше дека е виновен..

„Исклучително сум изненаден и вознемирен што ФА одлучи да ме обвини“, порача Бразилецот во објава на социјалните мрежи.

„Девет месеци соработував во секој чекор од нивната истрага и ги давав сите информации со кои располагав. Ги отфрлам сите наводи во целост и ќе се борам со секој здив да го исчистам моето име. Поради тековниот процес нема да давам дополнителни коментари“, додаде Пакета. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан