• понеделник, 23 декември 2024

Пад на цените на нафтата

Пад на цените на нафтата
Лондон, 22 декември 2020 (МИА) - На берзите денеска е забележан пад на цената на барел нафта поради појавата на новиот вид на Ковид-19 во Велика Британија, што повторно предизвика загриженост за потрошувачката. На Лондонската берза цената на нафтата се намали за 43 центи и барел нафта се тргуваше за 50,48 долари. Додека на американскиот пазар нафтата поевтини за 48 центи и се тргуваше за 47,49 долари за барел. Аналитичарите предвидуваат дополнително намалување на цената на нафтата, истакнувајќи дека бизнисмените се уште не се склони да ризикуваат. Цената на нафтата беше во пораст изминатите два месеца, а на 18 декември на Лондонската берза барел нафта се тргуваше за 52,48 долари, што беше највисока вредност од март годинава. ми/

Тагови

Остани поврзан