• сабота, 23 ноември 2024

Пад на превезената стока во железничкиот и воздухопловниот превоз

Пад на превезената стока во железничкиот и воздухопловниот превоз
Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Во третиот квартал годинава патниот патнички превоз го користеле 866 000 патници, градско-приградскиот 9 530 000, воздухопловниот 859 466, а железничкиот превоз 108 000, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во третото тримесечје годинава во споредба со третиот лански квартал, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 11,8  проценти, во железничкиот превоз е намалено за 39,7 проценти, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 34,3  проценти. лв/сп/

Остани поврзан