• сабота, 21 декември 2024

Пад на вредноста на швајцарскиот франк поради ненадејната најава за заминување на претседателот на Швајцарската централна банка

Пад на вредноста на швајцарскиот франк поради ненадејната најава за заминување на претседателот на Швајцарската централна банка

Цирих, 1 март 2024 (МИА) - Швајцарската централна банка денеска предизвика изненадување со објавата дека нејзиниот претседател Томас Жордан, кој во текот на 12-те години на чело на институцијата управуваше со бројни кризи, ќе си замине во септември, а неочекуваната одлука предизвика пад на вредноста на швајцарскиот франк.

Жордан (61), поранешен универзитетски професор, беше на чело на банката од 2012 година, за време на превирањата на пазарите на пари што ја принудија Швајцарската национална банка (СНБ) да се откаже од минималниот девизен курс во однос на еврото, кризата со „Ковид-19“ кога беа потребни големи интервенции за да се спречи колапсот на економијата и поновата криза на Креди Свис, која беше на работ на банкрот во март 2023 година.

Советот на банката и генералната управа во соопштението изјавија дека длабоко жалат поради заминувањето на Жордан и му се заблагодаруваат за неговиот „исклучителен ангажман“ без да дадат никакви индикации за наследникот

„На мојата одлука никако не влијаеше кризата на Credit Suisse“, изјави Џордан на прес-конференција во Цирих.

Директорот на швајцарската управа за надзор на пазарор Финма поднесе оставка пет месеци по одлуката за спојување на Credit Suisse со конкурентската швајцарска банка UBS, наведувајќи здравствени причини.

Жордан рече дека неговото здравје нема влијание врз неговата одлука, туку дека е добар момент да се повлече.

„Повторно имаме ценовна и финансиска стабилност и тоа влијаеше на мојата одлука“, рече тој.

Од јуни 2023 година, инфлацијата во Швајцарија повторно падна под два отсто, што е целта на Швајцарската централна банка, а во јануари падна на 1,3 отсто.

Најавата за заминување на директорот ја намали вредноста на швајцарскиот франк за 0,21 отсто, тргувајќи се за 0,9579 франци за евро во 17:00 часот по Гринич. ссм/

фото: архива

.

 

Остани поврзан