• понеделник, 23 декември 2024

Павле Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за Хашките случаи

Павле Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за Хашките случаи

Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) - Претседателот на Демократски сојуз (ДС) Павле Трајанов денеска до Уставниот суд поднесе Иницијатива за поништување на Автентичното толкување на член еден од Законот за амнестија, со кое се запре постапката за четирите Хашки случаи: „Водство на ОНА“, „Липковско Езеро“, „Гробницата Непроштено, и „Мавровски работници“. Според ДС, ова толкување е спротивно на Уставот и Кривичниот законик, како и Женевските конвенции, со кои е дефинирано дека злосторствата против цивилите не застаруваат.

- Инаку по Автентичното толкување, се запре постапката за четирите Хашки предмети, цитираме: „се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршување на казната затвор лица за кои постои основано сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година“, се вели во денешното соопштение од ДС. 

Демократскиот сојуз смета дека Уставниот суд треба да ја прифати иницијативата и да донесе одлука за отстранување на правните пречки за продолжување на постапката по четирите Хашки случаи.

Лидерот на ДС Трајанов потенцира дека е потребна силна осуда на злосторствата од минатото, за како што вели, да може да градиме мирна и демократска иднина. сст/са/

фото МИА архива 

 

Остани поврзан