• петок, 05 декември 2025

Павел му се закани на Бабиш дека нема да го назначи за чешки премиер

Павел му се закани на Бабиш дека нема да го назначи за чешки премиер

Прага, 17 ноември 2025 (МИА) - Чешкиот претседател Петр Павел се закани дека нема да го назначи Андреј Бабиш, победникот на неодамнешните парламентарни избори, за премиер поради судир на интереси.

Павел денеска изјави дека Бабиш, лидерот на популистичката партија АНО и еден од најбогатите Чеси, мора да избере помеѓу улогата на претприемач и политичар.

„Доколку Андреј Бабиш не успее да го надмине својот судир на интереси, со неговото назначување би придонел за создавање нелегална ситуација“, рече прозападниот чешки претседател, поранешен генерал на НАТО.

Павел рече дека најдобро би било победничката партија да номинира друг кандидат за функцијата премиер.

Во Чешка, законот за спречување на судир на интереси е на сила од 2007 година, пишува германската агенција ДПА.

Партијата на Андреј Бабиш, милијардер кој е критичен кон Европската Унија и НАТО, победи на парламентарните избори во октомври со 34,5 проценти од гласовите.

Бабиш веќе беше премиер од 2017 до 2021 година, а потоа ја предаде контролата врз своите компании на фондација, која во меѓувреме ја распушти, а сега одбива да разјасни дали ќе го повтори тој маневар.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан