• четврток, 19 декември 2024

ОЈО: Притвор за дилерот на дрога​ од Битола

ОЈО: Притвор за дилерот на дрога​ од Битола
Скопје, 16 ноември 2020 (МИА) - Судот во Битола го прифати предлогот на обвинителството и му определи 30 дневен притвор на битолчанецот, во чиј дом беше пронајдена поголема количина наркотична дрога, информираат од ОЈО. - Основното јавно обвинителство Битола отвори истражна постапка откако по извршен претрес во домот на осомничениот во Битола на 14.11.2020 година, од страна на СВР Битола била пронајдена поголема количина на наркотична дрога – 4233 таблети  МДМА-екстази, 3473,4 гр амфетамин и 1631,4 грама марихуана, како и поголемо количество парични средства – околу 2500 евра и 200.000 денари, информираат од ОЈО. Со отворање на исражната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Битола достави и предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице со цел непречено одвивање на кривичната постапка, Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​ Лицето се товари за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и  прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. аа/дма/

Остани поврзан