• недела, 22 декември 2024

ОЈО: Отворен предмет по допрен глас за сообраќајниот софтвер

ОЈО: Отворен предмет по допрен глас за сообраќајниот софтвер
Скопје, 18 март 2021 (МИА) -Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“. - Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на  софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, обвинителството отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање на потребната документација. По наредбите ќе постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираат од ОЈО. Од Обвинителството, посочуваат дека во меѓувреме, откако се издадени наредбите, Министерството за внатрешни работи до обвинителството доставило известување во врска со нивното постапување во случајот.​ аа/нд/

Остани поврзан