• петок, 22 ноември 2024

ОЈО Делчево проверува наводи за изборен поткуп

ОЈО Делчево проверува наводи за изборен поткуп
Скопје, 30 октомври 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство Делчево постапува по примено известување дека на 29.10.2021, во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, кандитат за советник дал 1000 денари на лице со избирачко право за да гласа за определена политичка партија. Како што соопштија од Службата за односи со јавноста на Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, Јавен обвинител дал насоки и се преземаат дејствија за прибирање докази и податоци.​ цр/са/  

Остани поврзан