• понеделник, 07 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ОЈО Велес со истражна постапка против едно лице од Битола по пронајдена дрога во неговиот автомобил

ОЈО Велес со истражна постапка против едно лице од Битола по пронајдена дрога во неговиот автомобил
Скопје, 11 април 2022 (МИА) - Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Битола на возраст од 34 години, за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. При контрола на автомобилот на наплатната станица Сопот на автопатот Скопје-Велес, на 9 април, во пределот на потпирачот на возачкото седиште од автомобилот на осомничениот, откриено е наркотична дрога - 7,4 грама кокаин и 1,19 грама марихуана. Со решение од надлежниот суд, на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.​сх/са/

Остани поврзан