• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ОФМ пријави три младински селекции за настап на одбојкарски Балкански првенства

ОФМ пријави три младински селекции за настап на одбојкарски Балкански првенства

 

Скопје, 6 март 2025 (МИА) – Три младински селекции пријави Одбојкарската федерација на Македонија за учество на Балканските шампионати кои ќе се одржат летово, во организација на Балканската одбојкарска асоцијација.

Женската репрезентација до 16 години ќе настапи на Балканијадата која од 19 до 23 јуни ќе се одржи во Црна Гора, додека одбојкарките до 19 години ќе се натпреваруваат на Балканското првенство, кое од 20 до 24 јуни ќе се одржи во Албанија.

Во машка конкуренција, единствен претставник летово на македонската одбојка ќе биде селекцијата до 19 години која ќе настапи на Балканскиот шампионат во Босна и Херцеговина од 9 до 13 јули.

Паралелно со ова, ОФМ годинава ќе биде домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок за репрезентациите до 22 години во машка и женска конкуренција, а натпреварувањето треба да се одржи во периодот од 25 до 27 јуни. ег

ФОТО: ОФМ

Остани поврзан