• понеделник, 23 декември 2024

Отфрлени обвиненијата против Трамп за корупција

Отфрлени обвиненијата против Трамп за корупција
Вашингтон, 13 октомври 2020 (МИА) - Врховниот суд на САД ја отфрли денеска тужбата на демократите, која тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп ги прекршил уставните одредби против корупција во неговите деловни односи. Судиите одбија да ја сослушаат жалбата на 215 демократи од Сенатот и Претставничкиот дом на Конгресот, оценувајќи дека им недостасува правна основа да го изнесат случајот пред суд. Демократите го обвинија Трамп дека ја прекршил уставната клаузула за „надградување“, која на претседателите им забранува да примаат подароци од странски влади и домашни функционери без одобрување на Конгресот. Случајот е фокусиран на „Трамп Интернешнал хотел“ во Вашингтон, кој е во сопственост на американскиот претседател. Хотелот се наоѓа во близина на Белата куќа, а Трамп го отворил непосредно пред да победи на изборите во 2016 година. Објектот стана главно место за сместување и одржување настани за странски и домашни високи претставници. За разлика од претходните претседатели, Трамп ја зачува сопственоста над своите бизниси и по изборот на таа функција, поради што демократите го обвинија дека е подложен на поткуп од страна на странски влади. Трамп, исто така, се соочува со две слични обвиненија, за кои експертите тврдат дека најверојатно ќе бидат отфрлени, доколку актуелниот американски претседател изгуби на изборите. гт/

Остани поврзан