• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Откриен нов дел од имунолошкиот систем клучен за борба против бактериите

Откриен нов дел од имунолошкиот систем клучен за борба против бактериите

Тел Авив, 6 март 2025 (МИА) - Науката откри нов дел од имунолошкиот систем којшто може да биде клучен во борбата против бактериските инфекции и отпорноста на антибиотици, објавија истражувачи од Израел.

Научниот труд објавен во списанието „Нејчр“ (Nature) открива дека овој протеазом којшто е комплекс од ензими присутен во секоја клетка на телото, има досега неоткриена и непозната функција - освен што ги разградува старите протеини, може да произведе моќни молекули што ги уништуваат бактериите.

Професорот Јифат Мербл од Институтот за наука „Вајцман“ вели дека ова е револуционерно откритие, бидејќи го менува разбирањето за тоа како телото се штити од инфекции.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан