• понеделник, 23 декември 2024

Откриени 12 нови случаи позитивни на коронавирус на Игрите во Токио, од кои двајца се спортисти од Oлимпиското село

Откриени 12 нови случаи позитивни на коронавирус на Игрите во Токио, од кои двајца се спортисти од Oлимпиското село
Токио, 22 јули 2021 (МИА) – Дванаесет нови случаи на инфекција со коронавирус беа идентификувани на Летните олимписки игри во Токио во текот на вчерашниот ден. Ова го објави прес-службата на Меѓународниот олимписки комитет (МОК). Двајца од заразените се странски спортисти кои се сместени во Oлимпиското село, другите десет се работници поврзани со организацијата на Игрите и службени лица. Олимписките игри ќе започнат утре и ќе траат до 8 август. зс/

Остани поврзан