• понеделник, 23 декември 2024

Откриени мејлови како е се прикриено: Мислиме дека вирусот излегол од лабораторија

Откриени мејлови како е се прикриено: Мислиме дека вирусот излегол од лабораторија
14 јануари 2022 Телеграф, Лондон
Британски и американски научници од почетокот се сомневаа дека постои голема веројатност Ковид - 19 случајно да е излезен од лабораторијата во Вухан. Сега тоа можат и да го докажат.
Всушност, се покажа дека тие јавно молчеа за своите сомнежи, бидејќи се плашеа дека можат да му наштетат на научниот рејтинг на Кина, но своите сомнежи ги изразуваа во мејлови, кои сега се откриени, пренесува британски „Телеграф“. Сите детали излегоа на виделина кога на републиканските членови на Надзорниот одбор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес им беше овозможен пристап до спорните документи, по нивната жалба дека нивната содржина е преработена. Сè започна со мејлот кој уште во февруари 2020 година го напиша Џереми Фарар, директор на „Големата доверба“, најголемата приватна британска медицинска фондација, кој до неодамна беше и член на британскиот кризен штаб. Тој меил е напишан од Ентони Фаучи и Френсис Колинс. „Ковид, се чини, дека еволуирал многу брзо од вирус сличен на САРС во човечкото ткиво во лабораторија со ниско ниво на безбедност. Таквата еволуција можеби случајно создала вирус кој брзо се пренесува меѓу луѓето“, напиша Ферар.
Но, Колинс, поранешен директор на Националниот институт за здравство на САД, му одговорил дека понатамошната дискусија за тоа „ќе предизвика непотребна штета на научната заедница во Кина, науката воопшто, но и меѓународната хармонија“. Ферар во споменатите мејлови пишува и дека други научници веруваат дека вирусот не можел да се развие природно. Еден од нив е професорот Мајк Фарзан, кој откри како оригиналниот вирус САРС всушност се врзува за човечките клетки.
Посебно ги интересираше случајот со ензимот фурин, кој му помага на вирусот да навлезе во клетките и со тоа го прави исклучително заразен за луѓето. „Професорот Фарзан не верува дека ова се случило надвор од лабораторијата, иако таквото сценарио е возможно во природата, но веројатноста за тоа е многу мала. Прашањето е како да се комбинира сето ова - дали верувате во оваа серија случајности, што знаете за лабораторијата во Вухан?, колку може да има во природата - дали е случајно ослободување или природен настан? Моментално размислувам 70:30 или 60:40“, резимираше Џереми. И тие мејлови не се единствените. Документиран е и мејл од Боб Гери од Универзитетот во Тексас, кој исто така не бил убеден дека коронавирусот се појавил во природата, а истото мислење го изразил и професорот Ендрју Рамбоц од Универзитетот во Единбург, кој во еден дел дури напишал: Мислам дека овој проблем може да го решат само луѓе кои имаат доволно информации и пристап до примероците во Вухан“. Е-поштата покажува и дека до 2 февруари 2020 година научниците веќе се обидувале да ја затворат дискусијата за теоријата за истекување вируси од лаборатории. Во една порака, д-р Рон Фучер му пишува на Ферар: „Понатамошната дискусија за обвинувањата (за истекувањето на вирусот) непотребно ќе го одвлече вниманието на врвните истражувачи од нивните активни должности и ќе предизвика непотребна штета на науката“. Телеграф наведува и дека институциите кои имале пристап до оваа електронска пошта постојано се спротивставувале на напорите за објавување на нивната содржина. паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан