• понеделник, 23 декември 2024

Откриена биста на борецот Димитар Влахов во штипското училиште „Димитар Влахов“

Откриена биста на борецот Димитар Влахов во штипското училиште „Димитар Влахов“

Штип, 3 април 2024 (МИА) - Во чест на патрониот празник на Општинско основно училиште (ООУ) „Димитар Влахов“ - Штип денеска во училишниот двор беше откриена биста на борецот Димитар Влахов.

Директорката на ООУ „Димитар Влахов“, Невенка Величкова, информираше дека станува збор за спонтана идеја поддржана од Советот на родители, Советот на училишниот одбор и Советот на Општина Штип.

Посебна благодарнот изрази до уметникот Далибор Николовски - Дачо, кој што придонел ликот на Димитар Влахов да добие своја душа.

- Ова денес е една реализирана идеја која започна сосема случајно во еден разговор, кој најпрво беше спонтан, а потоа следуваа разговори со учениците, наставниците, и родителите. Преку Совет на родители и преку Совет на училишен одбор, и, секако, преку наставничките совети, и советниците од Општина Штип кои едногласно се одлучија ние како училиште да добиеме биста на револуционерот Димитар Влахов. Се заблагодарувам на сите оние кои придонесоа да имаме наше сопствено спомен обележје во нашиот училишен двор, вели Величкова.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, апелираше до учениците и жителите во населбата Сењак да се чува неговиот лик и дело затоа што, како што рече, тој го дал животот за Македонија.

- Чест ми е и задоволство што сум присутен и дел од овој настан по повод 40 години од воспитно-образовниот процес во училиштето Димитар Влахов, во рамки на програмата за обележувње на патронот на училиштето, рече Јорданов. вдј/ар/

Фото: МИА 

Остани поврзан