• сабота, 05 октомври 2024

Откорнати дрвја од краткото невреме во Охрид

Откорнати дрвја од краткото невреме во Охрид
Охрид, 8 јули 2022 (МИА) - Откорнати дрвја од краткото невреме со дожд и ветер што попладнево го зафати Охрид го блокирале влезот на Центарот за кардиоваскуларни заболувања. Екипи на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ го расчистуваат теренот. - Четири големи зимзелени дрвја се откорнати од невремето што го зафати градот и паднати врз автомобил и влезот на Болницата, соопшти претпријатието. Според информацијата, нивни екипи расчистувале и на други локации низ градот, меѓу кои и паднато дрво на улицата „ 7-ми Ноември“. сс/аа/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан