Откажан Охридскиот пливачки маратон
- Поради пандемијата на коронавирус, оваа година нема да се одржи традиционалниот Охридски пливачки маратон.
Скопје, 30 јули 2020 (МИА) – Поради пандемијата на коронавирус, оваа година нема да се одржи традиционалниот Охридски пливачки маратон.
Исто така нема да се организира ниту трката на 10 километри, соопшти ПФСМ.
- Пливачката федерација на Северна Македонија како активен член во Светска пливачка федерација (ФИНА) и единствена надлежна за пливање и далечинско пливање во нашата држава, соопштува дека годинашните официјални интернационални пливачки маратони (Охридскиот на 25 и покусиот на 10 км.) од светската серија нема да се одржат поради пандемијата, стои во известувањето од федерацијата.
Термините за следната година се: 21 август 2021 на 25 км. и 28 август 2021 година на 10 км. зс/