• среда, 17 јули 2024

Откажани божикните прослави во Витлеем

Откажани божикните прослави во Витлеем

Витлеем, 22 ноември 2023 (МИА) - Општина Витлеем на окупираниот Западен Брег денеска соопшти дека нема да одржува традиционални божикни прослави во родното место на Исус поради жал и почит кон убиените Палестинци во Газа.

Општинските власти додадоа дека овогодинешните свечености ќе добијат тажен тон, без светла и традиционално дрво, објави Ал Џезира.

Од општина Витлеем најавија и дека празникот ќе се фокусира на миса и молитви за жртвите од израелската војна во Газа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан