• среда, 18 декември 2024

Отворен Центар за развој на технологии во Скопје, се создаваат 300 нови работни места за ИТ-инженери

Отворен Центар за развој на технологии во Скопје, се создаваат 300 нови работни места за ИТ-инженери
Скопје, 18 март 2022 (МИА) - Во Скопје е отворен нов центар за развој на технологии на ИТ-компанијата HTEC Group, инвестиција поддржана од Владата. Главниот оперативен директор на компанијата Дејвид Шох најави отворање на 300 нови работни места за инженери, дизајнери и експерти од ИТ-индустријата. Шох на денешната прес-конференција рече дека вработените ќе имаат можност да се градат себеси како професионалци, да напредуваат во своите сфери на интерес, а воедно да останат во својот град, блиску до своето семејство и пријателите. - Се стремиме интелектуалниот капитал да остане вo матичната држава. Особено ни е значајна поддршката од Владата, како и генерално олеснувањата за ИТ-секторот, нагласи Шох. Менаџерот за инженерство и испорака Васко Дреноски истакна дека компанијата е етаблирана како место каде светските гиганти од ИТ-индустријата доаѓаат кога им треба брзо, стабилно и одржливо решение. - Подготвени сме да работиме на креирање производи - од скица до реализација, како и да ги поврземе нашите најискусни експерти со некои од најголемите светски компании, потенцираше тој. Менаџерот за инженерство Марко Здравковски рече дека наjважен факт е дека професионалците ќе имаат можност да работат на врвни проекти без да мораат да патуваат надвор од својата татковина. Тој исто така најави дека во Скопје ќе биде иницирана HTEC - Програма за развој на млади, кој е замислен како моделиран курс за професионален и кариерен развој што користи симулација на проекти од реалниот свет како средство за обука и учење. - Оваа програма за развој е со полно работно време - нуди месечна плата во текот на трите месеци додека трае обуката. На учесниците кои успешно ќе ја завршат оваа програма ќе им понудиме редовен работен однос во HTEC Group со конкурентна плата во индустријата, истакна Здравковски. HTEC Group е компанија со седиште во Сан Франциско (САД), која поседува регионални канцеларии во САД, Велика Британија, Шведска и Холандија и развојни центри во Србија, Словенија, Северна Македонија, Унгарија, Романија и Босна и Херцеговина. Преку партнерства со водечките светски истражувачки организации и глобални корпорации, како и со некои најиновативните стартапи, компанијата развива производи што ги користат милиони луѓе низ светот. мс/сх/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан