• петок, 19 јули 2024

Отворен повик за учесници и волонтери на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“

Отворен повик за учесници и волонтери на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“
Скопје, 14 септември 2022 (МИА) – Отворен е повик за учесници и волонтери на 10. Јубилејно издание на фестивалот на младите „Џифони Македонија“. Филмскиот фестивал ќе се одржи од 5 до 10 октомври и ќе може да се пријават ученици од шесто одделение до четврта година средно образование. Учесниците ќе бидат поделени во три категории Јуниори - од 6 до 9 oдделение, Кадети - прва и втора година средно училиште, Сениори - од трета и четврта година средно. По две години пауза, во меѓународното жири повторно ќе се вклучат над триесет млади учесници од неколку европски земји, а предвидени се и гостувања на реномирани домашни и странски уметници и многу интересни изненадувања. Програмата предвидува шест дена исполнети со филмови, уметност, креативност, музика, дружба и радост за над 600 ученици од основните и средните училишта, бројни гости, соработници и пријатели од цела Европа. Местата се ограничени, а учеството на фестивалот е бесплатно. Јубилејното издание на „Џифони Македонија“ ќе се одржи во Младинскиот културен центар и Кинотеката на Северна Македонија. Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Министерството за култура на Северна Македонија, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија и Градот Скопје, како и од Младинскиот културен центар и Кинотеката.свс/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан