• сабота, 23 ноември 2024

Отворен ден за приказ на воздухоплови на спортскиот аеродром „Стенковец“

Отворен ден за приказ на воздухоплови на спортскиот аеродром „Стенковец“
Скопје, 8 мај 2022 (МИА) - На спортскиот аеродром „Стенковец“ во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“ која во моментов е во тек на армискиот полигон „Криволак“. На Отворениот ден ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на САД Кејт Брнз и амбасадорката на Обединетото Кралство,Рејчел Галовеј. За време на отворениот ден во периодот од 10 до 16 часот, граѓаните ќе можат одблиску да видат дел од воздухопловите кои се активни за време на вежбата, а прелет ќе направат и авионите од тимот A-10 Thunderbolt II и F-16. Дополнително, на отворениот ден присутните граѓани ќе можат да се запознаат со воената професија, начините за вработување во Армијата, ќе можат да се фотографираат со војници на Армијата, како и да се запознаат со содржините на магазинот на Министерството, „Штит“. см/ац/

Остани поврзан