• понеделник, 23 декември 2024

Отворен ден за приказ на воздухоплови: Нашите армиски капацитети се подготвени и опертивно да одговорат на операции, како и сите наши сојузнички армии

Отворен ден за приказ на воздухоплови: Нашите армиски капацитети се подготвени и опертивно да одговорат на операции, како и сите наши сојузнички армии
Скопје, 6 мај 2022 (МИА) - Северна Македонија како домаќин на најголемата и сложена НАТО вежба, уште еднаш покажува дека нашите армиски капацитети се подготвени и опертивно да одговорат на операции, како и сите наши сојузнички армии, нагласи премиерот Димитар Ковачевски на денешниот Отворен ден за приказ на воздухоплови, што се одржа на спортскиот аеродром „Стенковец“ во Скопје во рамки на вежбата  „Брз одговор 22“ („Swift Response 22“) која во моментов е во тек на армискиот полигон „Криволак“. Граѓаните денеска имаа прилика одблиску да видат дел од воздухопловите кои се активни за време на вежбата, а прелет направија авионите од тимот A-10 Thunderbolt II и F-16. Дополнително, присутните граѓани имаа можност да се запознаат со воената професија, начините за вработување во Армијата, да се фотографираат со војници на Армијата, како и да се запознаат со содржините на магазинот на Министерството, „Штит“. Премиерот посочи дека „Брз одговор 22“ е најголемата воена вежба која што досега се реализирала во Северна Македонија. Додаде дека во неа учествуваат околу 4.600 армиски припадници од осум различни сојузнички земји. - Вербата во целост ги демонстрира капацитетите, исто така и на тренинг центарот „Криволак“ каде што таму се одвиваат исто така вежби, а поедеднакво важно е што оваа вежба ги покажува соработката и духот на единството на Алијансата, бидејќи во неа заедно соработуваат и се надградуваат македонските, американските, британските и француските, италијанските, црногорските, грчките и албанските армиски припадници. Ваквата колективна подготвеност интероперабилност го прави НАТО најсилниот сојуз во модерната светска историја со трансатлантски димензии. Денеска будно следејќи ја состојбата во Украина гледаме зашто оваа подготвеност е повеќе од неопходна, потенцираше Ковачевски. Претседателот на Владата неведе дека на оваа вежба и претходеше уште една вежба „Блесок 22“ каде пешадискиот баталјон беше оценет со високи позитивни оценки. - Овие оцени укажуваат дека сме подготвени да дејствуваме заедно со нашите сојузници согласно едиснтвнеите стандарди, дека сме спремни за заедничко делување во справувањето со современите предизвици и безбедносни закани. Ја поздравувам посветеноста на нашта војска. После полноправното членство и најбрзата воена интеграција на земја членка досега Армијата продолжува со забрзани чекори да се усовршува.  Ова е една од најважните придобивки на сојузништвото во НАТО, армијата ни јакне.Така ја обезбедуваме сигурноста дома на истиот начин накојшто сите сојузници на НАТО се обединети во политиката и обединети во воената одбрана, истакна Ковачевски. Премиерот нагласи дека вежбата е манифестација на способноста на Армијата на РСМ, бидејќи е резултат на долг планирачки процес, а изработена е согласно едногодишниот план за вежби на Армијата и воздухопловните сили на САД. Министерката за одбрана Славјанка Петровска потсети дека големиот ден во рамки на вежбата „Брз одговор 22“ ќе се случи на 12 мај. - Многу е значајно она што го правиме во овој период во нашата држава односно со изведбата на оваа вежба, покажува и демонстрира едно единство помеѓу сите НАТО сојузници и испраќа една многу силна порака, а тоа е дека кога сте во НАТО не сте сами, односно сите сме тука заедно. Истовремено оваа вежба покажува и она што е денеска го видовте, перформансот на воздухопловите, покажа одлична соработка помеѓу воздухопловните власти во нашата држава и воздухопловните власти во Република Грција коишто практично се дел од политиката за обезбедување на воздушниот простор на нашата држава, порача Петровска. Британската амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј рече дека тоа што денеска беше прикажано, со различните воздухоплови и летала, е приказ на способностите на НАТО и начинот на којшто ние заедно функционираме. - Ми претставува задоволство што сум тука на статички приказ и што имам можност да го видам хеликоптерот апачи којшто беше распореден од страна на четвртиот полк на армискиот воздухопловен корпус на Обединетото Кралство на ова вежба. Ова е најсовремен воздухоплов, има централна улога во тоа како британската Армија се претставува во НАТО во изминативе 20 години. И тоа што денеска имаме можност да го видиме со различните воздухоплови и летала, е приказ на способностите на НАТО и начинот на којшто ние заедно функционираме. Досега успеавме заедно да функционираме и ќе продолжиме заедно да функционираме и во иднина, нагласи Галовеј. Американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз посочи оти се надева дека граѓаните се горди за денешниот приказ. - Би сакала да ја истаканам својата благодарност на многу луѓе коишто придонесоа во спроведувањето на овој приказ, се разбира во спроведувањето на целата вежба. Навистина инспиративно е она што може да се види тука и што може да се постигне, а овој тим тоа го покажа, рече Брнз. см/вј/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан