• петок, 27 декември 2024

Отворен Балкан: Студиска посета на 50 магистранти и докторанти од Харвард и МИТ (Балкан трек)

Отворен Балкан: Студиска посета на 50 магистранти и докторанти од Харвард и МИТ (Балкан трек)

Белград, 4 мај 2023 (МИА) – Во земјите на Отворен Балкан, Србија, Северна Македонија и Албанија од 18 до 26 мај 2023 година ќе се оствари студиска посета на 50 магистранти и докторанти од универзитетите Харвард (САД) и МИТ (САД) на студенти од 17 различни земји, од сите континенти, освен Австралија, под името Балкан трек (Балкански пат), јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија денес од Владата на Р.Србија на денешната седница е донесена одлука Владата да ја подржи во рамки на Иницијативата Отворен Балкан оваа студиска посета.

-Целите на „Балкан Трек“ се: презентирање на општата политичка состојба на земјите од Отворениот Балкан, подигнување на видливоста на економските резултати и плановите за иден развој, запознавање на културата, историјата, религијата и гастрономијата на нашите народи и градење врски со млади професионалци и долгорочно поврзување со регионот, се наведува во соопштението.

Во него се наведува и дека фокусот на посетата ќе биде иднината на регионот - преку разговори со највисоките државни функционери, презентација на иницијативи и проекти и градење лични мрежи со професионалци во земјите од Отворениот Балкан. На овој начин ќе се зголеми видливоста на нашите земји и ќе се постават основи за заеднички проекти во иднина, соопштија од српската Влада. об/рп/ 

Остани поврзан