• понеделник, 23 декември 2024

Отворена реконструираната киносала во Виница

Отворена реконструираната киносала во Виница

Виница, 13 јули 2024 (МИА) – Во рамки на одбележувањето на Павловден - празникот на градот, во Виница се одржа свеченост на која беше отворена реконструираната киносала.

Проектот за реконструкција почна пред неколку години и беа инвестирани над 19,7
милиони денари, од кои половина од буџетот на Општина Виница, а половина од
Центарот за развој на Источниот плански регион, преку Бирото за регионален развој.

Целосно е реновирана фасадата и кровната конструкција, а во внатрешноста е
обновено гледалиштето и сценскиот простор каде е инсталирано ново осветлување и
современа опрема за прикажување аудиовизуелни дела.

-Се работи за функционален објект со капацитет од 200 посетители, во кој во иднина
очекуваме да се реализираат голем број културни настани. Кај сите нас овој објект
буди убави чувства и потсетување на едно време кога беа прикажувани филмови,
театарски претстави и други сценски настапи, а токму денес, по неколку децении, се
надеваме на негово повторно заживување. Оваа капитална инвестиција ќе
придонесе за поквалитетен културен живот и насочување на младите кон
вистинските животни вредности, истакна градоначалникот на Виница, Миле Петков.

На свеченото отворање на киносалата беше прикажана видео проекција
на македонски документарен филм, а актерот Петар Темелковски ја изведе
монодрамата „Да се биде Македонец“, работена според посланијата на Светиот
апостол Павле до Македонците.та/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан