• вторник, 18 јуни 2024

Отворена Летната школа „Гостивар 2022“

Отворена Летната школа „Гостивар 2022“
Гостивар, 4 јули 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари вечерва ја отвори Летната школа „Гостивар 2022“. -На Летната школа ќе учествуваат повеќе од 720 ученици и повеќе од 40 инструктори од различни професии, кои денеска се запоснаа меѓусебно. Настанот има за цел да ги вклучи децата на возраст од 7 до 14 години во различни активности во текот на летото. Целта на Летната школа е и откривање на новите таленти на градот во различни области, информираат од Општина Гостивар.Како што посочија, Летната школа ќе трае шест недели. Менторите се оставени слободно да изберат простори каде што ќе ги спроведуваат курсевите со студентите, а се преферира избраната средина да биде под отворено небо. ки/лв/

Остани поврзан