Отворена изложба по повод Денот на жената во ДКЦ „Карпош“
- Изложба на цртежи и честитки со тема „Цртам за мојата мајка“ изработени од деца од детските градинки од Скопје отворена е денеска во Детскиот културен центар-„Карпош“.
Скопје, 8 март 2024 (МИА) - Изложба на цртежи и честитки со тема „Цртам за мојата мајка“ изработени од деца од детските градинки од Скопје отворена е денеска во Детскиот културен центар-„Карпош“.
Изложбата се одржува по повод празникот 8 Март - Меѓународен ден на жената и е дел од музичко креативниот настан „Играм и пеам за мојата мајка“.
-Од пристигнатите ликовни творби кои ги изработуваат децата може да се види колку далеку одат детските чуства, креативност и фантазија и како тие си ја замислуваат својата мајка-жена и која е нејзината улога во нивниот живот, велат од ДКЦ „Карпош“.
За децата од градинките е организирана и пригодна програма. Оваа година гостинка во ДКЦ „Карпош“ е Марија Дојчиновска вработена како зоонеговател во Зоолошката градина во Скопје, која говореше за нејзината работа со животните кои се жители на ЗОО, односно дека секоја жена може да биде успешна во секоја професија за која ќе се определи. дма/са/
Фото: МИА