• среда, 18 декември 2024

Отворање Нега Центар Кисела Вода

Отворање Нега Центар Кисела Вода

Скопје, 24 март 2023 (МИА) -  Во рамките на просториите на Општина Кисела Вода, барака бр.6. денеска ќе почне со работа Нега Центар Кисела Вода. 

-Развојот на оваа социјална услугата е финансиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка. Услугата има за цел да го подобри и одржи здравјето на старите лица во нивното семејно опкружување и тоа преку  помош во извршување на активности од секојдневниот живот, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму додаваат дека на отворањето на Нега Центар Кисела Вода ќе се обратат Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела Вода и Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот крст на град Скопје. сст/мд/

 

Остани поврзан