• вторник, 02 јули 2024

Отворање на Халки училницата во Зоолошката градина

Отворање на Халки училницата во Зоолошката градина
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Со предавање за подготовка на животните и нивните живеалишта за зимата и за природата како вечна ликовна инспирација, денеска во Зоолошката градина во Скопје ќе биде пуштена во употреба Халки училницата на отворено. Работилниците се наменети за деца од училишна возраст, ментори ќе бидат едукаторите од ЗОО и ликовни уметници, а модератор е Матеа Јанковска, актерка од Театарот за деца и младинци. Серијата работилници се одржува по повод октомври – месецот на штедењето, а организатор е „Халкбанк“ АД Скопје, која неодамна на Зоолошката градина ѝ ја подари училницата на отворено. - Идејата е просторот да има мултифункционален карактер, да послужи како училница во која ќе се одржуваат интересни работилници посветени на природата, екологијата, запознавање со животните, нивните потреби и навики, како и запознавање со улогата на човекот во живиот свет, рече по повод донацијата Маја Наумовска Савеска од „Халкбанк“. Во рамки на работилниците, претставници на Банката ќе одражат предавање и за важноста на штедењето, како и за поволностите при отворањето детски депозит. До крајот на октомври најавени се уште неколку активности и изненадувања со цел да се поттикне финансиската писменост кај населението. мч/вг/

Остани поврзан