• петок, 05 декември 2025

Хакатон „Кликни безбедно“ во ФИНКИ

Хакатон „Кликни безбедно“ во ФИНКИ

Скопје, 10 мај 2025 (МИА) – Министерот за дигитална транформација Стефан Андоновски денеска ќе го отвори хакатонот „Кликни безбедно“, кој се одржува на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Како што соопштуваат од Министерството за дигитална трансформација, хакатонот „Кликни безбедно“ е проект во рамки на Министерството во организација на „MKSafeNet“. На хакатонот, додаваат, ќе учествуваат неколку тимови на средношколци од повеќе градови ширум земјава. 

– Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ќе го отвори хакатонот „Кликни безбедно” кој е во организација на МКСафеНет/MKSafeNet, проект во рамки на Министерство за дигитална трансформација, на хакатон ќе учествуваат неколку тимови на средношколци од повеќе градови од Македонија, стои во соопштението. ра/са/ 

Фото: Министерство за дигитална трансформација

 

Остани поврзан