Отворање на новиот Младински ресурсен центар во Гостивар
- Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ќе присуствува на отворањето на новиот Младински ресурсен центар во Гостивар.
Скопје, 18 февруари 2021 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ќе присуствува на отворањето на новиот Младински ресурсен центар во Гостивар.
Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика на отворањето на центарот ќе присуствуваат и швајцарската амбасадорка во земјава Сибил Сутер, постојанта претставничка на УНДП во државава Нарине Сахакјан, градоначалниците на Тетово и Гостивар, Теута Арифи и Арбен Таравари и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), Абдилменаф Беџети.
По церемонијата на отворање на Центарот се предвидени изјави на присутните. сп/