• среда, 18 декември 2024

Отворање на мултифункционален центар „Крикни“ во Црниче

Отворање на мултифункционален центар „Крикни“ во Црниче
Скопје, 31 август 2022 (МИА) - Мултифункционален центар „Крикни“ ќе биде отворен денеска во Црниче, информираат од Центарот за младински активизам КРИК.

Отворањето ќе биде со почеток од 12 часот во објектот на месната заедница Црниче, која се наоѓа на улица „Баница“ број 1 - Скопје, а просторот е даден на користење од општина Кисела Вода, преку меморандум за соработка со ЦМА КРИК.

Како што информираат од КРИК, Дневниот центар за окупациона терапија за лица со попречености се отвора со цел понуда на услуги во заедницата за лица со попреченост.

- Центарот работи од понеделник до петок, а корисниците имаат можност да го посетат два до три пати во неделата, по неколку часа. Вработени во центарот се стручен кадар кои има искуство во работа со лица со попреченост и тоа окупационен терапевт, физиотерапевт и психолози. Целта на професионалниот тим на Центарот е да опфати и да мапира поголем број на лица со пореченост од 18 години нагоре кои би се вклучиле и би ги следеле окупационо-терапевтските активности. Учеството во активностите во центарот е бесплатно за корисниците, дополнуваат оттаму.

Центарот е реновиран со поддршка од проектот Добивање живот - деинституционализација на корисниците од Специјалниот завод Демир Капија, воден од People in Need, North Macedonia во партнерство со ЦМА КРИК, Здружение Солем и Специјален завод Демир Капија а финансиран од Европската Унија. ар/

Остани поврзан