• понеделник, 23 декември 2024

Отворање на Младински центар во Охрид

Отворање на Младински центар во Охрид
Скопје, 12 октомври 2022 (МИА) - Во организација на Општина Охрид и Коалицијата на младински организации СЕГА денеска во Охрид официјално ќе биде отворен Младинскиот центар. - Младинскиот Центар Охрид е место каде ќе се подготвуваат и спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјалниот и професионалниот живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите (согласно член 22 од Законот за младинско учество и младински политики), информираат од Коалиција СЕГА. На отворањето најавено е обраќање на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, извршниот директор на Коалицијата СЕГА, Зоран Илиески и раководителот на МЦО, Јован Цветкоски. Коалицијата на младински организации СЕГА е младинската чадор организација која ќе раководи со Младинскиот Центар Охрид во период од три години со поддршка на Општина Охрид. фф/бак/

Остани поврзан