Отворање на изложбата „Се за портретот“ во галеријата „Остен“
- Во галеријата „Остен“ вечер ќе биде отворена групната изложба „Се за портретот“, која е дел од интернационалното уметничко истражување на ниво на моменталната перцепција на уметничките остварувања на тема „портрет“.
Скопје, 4 декември 2024 (МИА) - Во галеријата „Остен“ вечер ќе биде отворена групната изложба „Се за портретот“, која е дел од интернационалното уметничко истражување на ниво на моменталната перцепција на уметничките остварувања на тема „портрет“.
Изложбата во сличен состав на уметници беше премиерно претставена на меѓународната публика во Институтот за култура на Романија во Венеција од 15 до 20 ноември 2024 година, а своја завршница ќе има во музејот на регионот Бузау, Романија во јануари следната година.
-Учесници во изложбата се наградени уметници и гости на ОСТЕН Биеналето - Скопје (Куратор: Корнелија Конеска) Пабло Пикасо, Шпанија / Франција - Награда Светско културно наследство 2010; Марина Абрамовиќ, САД - Гран При за животно остварување 2014; Милан Андов, Македонија - Награда ОСТЕН 2018; Анка Боериу, Романија - Награда златен ОСТЕН 2024; Патриција Казагранда, Германија - Награда златен ОСТЕН 2022; Роберт Глигоров, Македонија / Италија - Уметник на Европа (САВУ) 2022; Мице Јанкуловски, Македонија - Награда Рембрант (САВУ) 2020; Марко КУСМУК, Србија - Награда златен ОСТЕН 2022; Анет Лемие, САД - Гостин; Петру Лукачи, Романија - Гостин; Владимир Паун Врапциу, Романија - Награда ОСТЕН 2020 и награда за извонредност во уметноста 2021; Љубош Плни, Република Чешка - Прва награда за цртеж 2020, се наведува во соопштението од ОСТЕН Биеналето - Скопје. дма/мд/
Фото: ОСТЕН Биенале