Отворање на изложбата „Сертификат за кафе“ на Башким Меџити во Мала станица
- Во мултимедијалниот центар „Мала станица“ вечер ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при Државниот тетовски Универз
Скопје, 19 октомври 2021 (МИА) - Во мултимедијалниот центар „Мала станица“ вечер ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при Државниот тетовски Универзитет, Башким Меџити.
Меџити дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Приштина (Косово), каде и магистрирал. Добитник е на повеќе награди и признанија, остварил над петнаесетина самостојни изложби во државата и странство. Бил прв претседател и еден од иницијаторите за формирање на Здружението на ликовни уметници „Draudacum“ од Гостивар, оснивач на Факултетот за ликовна уметност при Државниот тетовски Универзитет. Активно се занимава со сликарство и скулптура.
Во Националната Галерија ќе се претстави со триесетина дела од последниот циклус на слики во техника акрил на платно изработени во текот на оваа година. Апстрактниот експресионизам е правецот во кој го реализира ликовниот израз. Случки од природата, урбаната средина и пејзажите ги пренесува во тоналитет на интензивни бои, до смирена бела и контрастна црна.
Изложбата, која го носи насловот „Сертификат за кафе“ заради триптихот кој е создаден во доба на глобалната пандемија, ќе ја отвори директорката на Националната Галерија, Дита Старова Ќерими. дма/вг/