• понеделник, 23 декември 2024

Отворањето на границата на Андора предизвика километарски колони

Отворањето на границата на Андора предизвика километарски колони
Париз, 1 јуни 2020 (МИА) - Андора утрово ја отвори својата граница со Франција, со цел да ја обнови економијата, притоа со почитување на санитарните мерки за туристите, од кои многумина тргнаа да се снабдат со алкохол и цигари, јави дописникот на МИА. Километарските колони беа забележани уште рано изутринава на патот кој ја поврзува Франција со Андора, чии граници се отвораат по два месеци поради мерките на изолација за борба против новиот коронавирусот. Отворањето на границата се совпадна со неработен ден во Франција, кој многумина го искористија да ги обноват своите резерви со алкохол и цигари, кои се продаваат по многу пониски цени во споредба со Франција, поради ниските даноци што ги практикува Андора. За да се прими големиот прилив на купувачи, во Андора се преземени сите мерки за санитарно ограничување, целта на одговорните е да се избегне хаотичната ситуација, што се случи на 11 мај во Пертус на француско-шпанската граница. Така бројот на лицата во продавниците е ограничен со утврдена насока на движење, како и задолжителното носење на маски. тг/ми/

Остани поврзан