• петок, 05 декември 2025

Осум странци меѓу жртвите во несреќата со фуникуларот „Глорија“ во Лисабон

Осум странци меѓу жртвите во несреќата со фуникуларот „Глорија“ во Лисабон

Лисабон, 5 септември 2025 (МИА) - Најмалку осум странски државјани се меѓу загинатите при излетувањето од шините на фуникуларот „Глорија“ пред два дена во Лисабон, соопштија португалските власти.

Меѓу жртвите се двајца Канаѓани, двајца Јужнокорејци, еден Американец, еден Швајцарец, еден Германец и еден Украинец. Според полицијата, националноста е утврдена врз основа на лични документи, комуникации и контакти со блиски лица.

Португалската обвинителска служба претходно информираше дека во несреќата имало и петмина Португалци, како и двајца Јужнокорејци и еден Швајцарец. Сè уште не е утврдена националноста на тројца загинати.

Некои локални медиуми објавија дека меѓу жртвите има и германско семејство. Полицијата потврди дека еден од загинатите мажи е Германец, а меѓу повредените се една жена од Германија и тригодишно дете со полесни повреди, без да прецизира дали се роднини. ссм/

фото: архива

Остани поврзан