• понеделник, 15 декември 2025

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Тетово, 14 декември 2025 (МИА) – Осум лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила синоќа околу 20:05 часот на патниот правец Гостивар – Тетово, кај клучката за излез кон селото Камењане.

Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило „Мерцедес“ со австриски регистарски ознаки и патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки.

-Во незгодата со повреди се здобиле осум лица кои со возила на итна медицинска помош се пренесени во Клинички центар Тетово, информира СВР Тетово.

Поради вршење на увид, сообраќајот синоќа до 23:00 часот се одвиваше по една коловозна лента. ас/дма/

 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан