• понеделник, 23 декември 2024

Осум лица загинаа во рускиот напад на Чернигов, украински дрон соборен во близина на Москва

Осум лица загинаа во рускиот напад на Чернигов, украински дрон соборен во близина на Москва

Киев, 17 април 2024 (МИА) - Во експлозијата на три руски ракети што денеска го погодија осмиот кат од станбена зграда во центарот на градот Чернигов на северот на Украина, загинаа најмалку осум лица, а 18 се повредени, соопшти градоначалникот Олександар Ломако.

Чернигов се наоѓа во близина на тромеѓето на Украина со Русија и Белорусија, на околу 150 километри од главниот град Киев.

Од друга страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека украинско беспилотно летало е соборено над регионот Мордовија, приближно 350 километри источно од Москва. Тоа е 700 километри од украинската граница. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан