• понеделник, 23 декември 2024

Осумнаесет француски активни офицери ќе бидат изведени пред Воен суд

Осумнаесет француски активни офицери ќе бидат изведени пред Воен суд
Париз, 29 април 2021 (МИА) - Осумнаесет активни офицери потписници на отвореното писмо, во кое се закануваат со граѓанска војна во Франција, ќе бидат изведени пред воен суд, јави дописникот на МИА. Началникот на Генералштабот на француската армија, Франсоа Лекоинтр изјави дека 18 активни офицери ќе бидат санкционирани, а за повисоките чинови предвидени се поголеми казни, дури и пензионирање. Поранешни и сегашни припадници на француската армија на 21 април објавија отворено писмо до претседателот Емануел Макрон, во кое се предупредува на закана од граѓанска војна. Писмото објавен во десничарски весник „Валер актиел на 60-годишнината од неуспешниот пуч, поранешни припадници на војската го повикаа Макрон да ги запре настаните во земјата, која во раце на исламисти тоне во хаос и граѓанска војна. Во писмото потпишано од околу илјада војници, вклучително и приближно 20 пензионирани генерали и 80 други поранешни високи офицери, се наведува дека ако не се стори ништо, нивните активни другари ќе преземат заштитни активности на територијата на Франција. Во писмото тие тврдат дека исламистите заземаат цели делови на националната територија. Меѓу потписниците на писмото е и Кристијан Пикемал (80), генерал во пензија, поранешен командант на Легија на странци, кој ги загуби своите почести како генерал во пензија, откако беше уапсен за учество во антиисламски демонстрации во 2016 година. Писмото беше остро осудено од Владата на Макрон, кои го споредија со неуспешниот воен удар, обид на генералите пред 60 години против тогашниот претседател Шарл де Гол. Министерката за одбрана Флоранс Парли побара потписниците на писмото да бидат казнети. тг/ми/

Остани поврзан