Осумнаесет години од смртта на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата
- Во Скопје и во Ротимље денеска ќе биде одбележана 18-годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски кој заедно со членови од неговиот Кабинет загина во авионска несреќа во

Скопје, 26 февруари 2022 (МИА) - Во Скопје и во Ротимље денеска ќе биде одбележана 18-годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски кој заедно со членови од неговиот Кабинет загина во авионска несреќа во близина на Мостар.
На гробот на Трајковски и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата на градските гробишта во Бутел, како што е најавено, цвеќе ќе положи претседателот на државата Стево Пендаровски, а делегации од Кабинетот на Претседателот ќе положат цвеќе и пред спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, Босна и Херцеговина и на гробот на еден од членовите на делегацијата, во Велес.