• понеделник, 23 декември 2024

Осумнаесетта конференција на КОСАП

Осумнаесетта конференција на КОСАП
Скопје, 3 јуни 2022 (МИА) - Собраниската Комисија за европски прашања од денеска до недела во Охрид ќе биде домаќин на 18. состанок на Конференцијата на парламентарните комисии за европски прашања и интеграции на државите опфатени во Процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа - КОСАП, во рамки на нашето претседавање со Конференцијата. Како што информира собраниската Прес-служба, на годинашната КОСАП конференција, која претставува форум за редовна размена на ставовите кои се однесуваат на Процесот за стабилизација и асоцијација, Стратегијата за зачленување во ЕУ на земјите од Процесот, како и на процесот за проширување на ЕУ, учество најавија делегации од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција и Косово. Конференцијата ќе ја отвори и со неа ќе претседава претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Арбер Адеми. Во рамки на двата панела како теми за дискусија се предвидени: Регионалната соработка на Западен Балкан од економски, политички и европски аспект и ИПА 3 - искуства, перспективи и можности. На конференцијата се очекува делегациите да разменат ставови и мислења за евроинтегративните процеси во своите земји, како и за актуелните случувања во регионот и пошироко. мд/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан