• понеделник, 23 декември 2024

Осуммина загинати при гранатирање во Идлиб, меѓу нив и деца

Осуммина загинати при гранатирање во Идлиб, меѓу нив и деца
Идлиб, 3 јули 2021 (МИА) - Сириските опозициски организации соопштија дека најмалку осум цивили, вклучително и деца, биле убиени во денешното гранатирање на бунтовничката провинција Идлиб. Како што е наведено, две села биле гранатирани. Судирите меѓу сириската армија и провладините единици и бунтовниците во предградието на Идлиб се интензивираат во последните неколку недели, и покрај минатогодишното примирје. Примирјето го договорија Турција и Русија. Жителите на Идлиб зависат од хуманитарната помош што доаѓа од Турција. Со провинцијата владее исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам, поранешен сириски огранок на Ал Каеда. паг/    

Остани поврзан