• петок, 22 ноември 2024

Остин: Вашингтон е во добра позиција да ги брани своите интереси на Блискиот Исток

Остин: Вашингтон е во добра позиција да ги брани своите интереси на Блискиот Исток

Вашингтон, 2 октомври 2024 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, неколку часа по иранскиот ракетен напад врз Израел разговараше со својот израелски колега Јоав Галант и притоа изјави дека Вашингтон е „во добра позиција“ да ги брани своите интереси на Блискиот Исток. 

„Секретарот потврди дека САД остануваат добро позиционирани да го бранат американскиот персонал, сојузниците и партнерите од заканите од Иран и терористичките организации поддржани од Иран“, се наведува во соопштението на Пентагон, по телефонскиот разговор меѓу Остин и Галант. 

По разговорот Остин на мрежата Х напиша дека САД и Израел ветија дека ќе останат во близок контакт. 

Претходно вчера Иран истрела 180 балистички ракети кон Израел како одмазда за израелската воена кампања во Либан, во која загинаа стотици и раселени повеќе од еден милион лица.

Иран подоцна објави дека неговиот ракетен напад врз Израел е завршен, исклучувајќи ја можноста за натамошни провокации. 

Во Израел досега не се пријавени случаи на повредени лица од ракетите, а Вашингтон иранскиот напад го оцени за „неуспешен“.сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан