• понеделник, 23 декември 2024

Осомничениот напаѓач планирал да ги запали просториите на „Шарли ебдо“

Осомничениот напаѓач планирал да ги запали просториите на „Шарли ебдо“
Париз, 29 септември 2020 (МИА) - Пакистанецот, обвинет за повредување на две лица со нож пред поранешните простории на „Шарли ебдо“, не знаел дека францускиот сатиричен магазин ги сменил канцелариите и сакал да ги запали, изјави денеска парискиот обвинител Жан-Франсоа Рикар. Тој додаде дека осомничениот носел три шишиња запалива течност и избодел две лица претпоставувајќи дека се вработени во „Шарли ебдо“. Според Рикар, осомничениот дејствувал под лажен идентитет и утврдено е дека има 25, а не 18 години, како што изјавил претходно. Парискиот обвинител наведе и дека во телефонот на осомничениот пронајдено е триминутно видео на урду јазикот, во кој тој го најавува својот план: „Овде во Франција тие прават карикатури за нашиот чист и голем пророк Мухамед. Денеска... ќе се побунам против ова“. ми/

Остани поврзан