• среда, 03 јули 2024

Основци од Кавадарци организираа хуманитарен турнир во кошарка 

Основци од Кавадарци организираа хуманитарен турнир во кошарка 
Кавадарци, 9 јуни 2022 (МИА) - Основци од Кавадарци организираа хуманитарен турнир во кошарка. Станува збор за учениците од Основното општинско училиште „Гоце Делчев“, информираа денеска од кавадаречкиот Црвен крст. -Настанот којшто се реализираше синоќа, беше преку програмата Црвен крст во акција - промоција на хумани вредности, циклус 2022. Активностите се целосно поддржани од вработените во училиштето, коишто помогнаа во реализацијата и успешноста на настанот. На кошаркарскиот турнир учествуваа машки и женски екипи од шесто до деветто одделение, а за сите учесници следуваа благодарници од страна на нашата организација, соопштија од Црвен крст Кавадарци. Оттаму изразија благодарност до хуманите наставници и ученици коишто беа дел од настанот и помогнаа за остварувањето на визијата на овие младинци, за помош на семејство од селото Фариш, преку нивниот проект во рамките на програмата ЦКА-ПХВ. -Се наближува и крајот на програмата, сите учесници ги документираат резултатите од хуманитарните акции на терен. Најдобрите младинци ќе имаат можност да учествуваат на финална работилница во Струга, за време на летниот период, информираа од Црвениот крст. свд/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан